Македонија доби 24 милиони долари од Светска банка за поддршка на развојот на вештините и иновациите. Проектот е одобрен од Одборот на директори на банката. Како што информираат од Канцеларијата на Светска банка во Скопје, целта на проектот е подобрување на транспарентноста во распределбата на ресурсите и да ја промовира одговорноста во високото образование, подобрување на релевантноста во средното техничко стручно образование и поддршка на иновативните капацитети во Македонија. Со подобрувањето на перформансите на земјата на пазарот на труд, како и на економската конкурентност ќе има потреба од работна сила со подобри вештини и подобро образование, истакнува Татјана Проскурјакова, директор на Канцеларијата на Светска банка во Македонија.
Македонија доби 24 милиони долари од Светска банка за поддршка на развојот на вештините и иновациите. Проектот е одобрен од Одборот на директори на банката.
Како што информираат од Канцеларијата на Светска банка во Скопје, целта на проектот е подобрување на транспарентноста во распределбата на ресурсите и да ја промовира одговорноста во високото образование, подобрување на релевантноста во средното техничко стручно образование и поддршка на иновативните капацитети во Македонија.
- Со подобрувањето на перформансите на земјата на пазарот на труд, како и на економската конкурентност ќе има потреба од работна сила со подобри вештини и подобро образование - истакнува Татјана Проскурјакова, директор на Канцеларијата на Светска банка во Македонија. Додава дека, истовремено, и регулаторното, институционалното и финансиското опкружување може да бидат зајакнати за понатамошно промовирање на иновациите на ниво на компании и подобрување на комерцијалната апликација на неговите академско-научни и технолошки средства.
Од проектот корист ќе имаат околу 24.000 студенти и 1.500 наставнички и управен кадар од училиштата за техничко стручно образование, кои ќе добијат нови наставни програми и подобрување на условите за практична обука, како и обука за управување, планирање и подобрување на процесот.
Студентите и персоналот од универзитетите, истражувачките институции и претпријатијата ќе имаат корист од примената на механизмите за обезбедување квалитет и реформи за финансирањето во високото образование, како и од грантови кои промовираат истражување, развој и иновации.
- Проектот е дизајниран да ги поттикне образованието и вештините кои се релевантни за пазарот на труд, како и да го подобри иновативниот капацитет на земјата - вели Бојана Нацева, виш специјалист за образование за регионот на Европа и Централна Азија на Светска банка и лидер на проектот.
Активностите на компаниите во Македонија што се ориентирани кон вработување работна сила со вештини и користење иновации претставуваат важен извор за економскиот раст и генерираат позитивни поврзани резултати, како социјално вклучување и заеднички просперитет, се наведува во соопштението.
Заемот за поддршка на развојот на вештините и иновациите е даден од страна на Меѓународната банка за обнова и развој (ИБРД) и изнесува 24 милиони долари, со 18 години на достасување и 5 години грејс-период.